Опис на работно место
- Подготовка и пакување на готови производи со соодветна амбалажа и пакување во картонски кутии;
- Распоредување на роба;
- Испорака на роба до купувачите;
- Врши издавање и прием на роба во магацин врз основа на испратници, повратници или други акти;
- Презема дејствија и извршува работи неопходни за редовното работење;
- Се грижи за правилно сместување на робата и за навремено и квалитетно извршување на доверените работни задачи;
- Извршува и други работни задачи по наредба на претпоставеното одговорно лице;
Потребни способности и вештини
- Завршено средно образование (ССС)
- Со или без работно искуство
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Професионално, квалитетно и одговорно работење
- Позитивен однос кон работата
- Уредност и дисплинираност
Што нудиме
- Редовна месечна плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност
- Ваучер за роденден
- Ваучер за новороденче
- Бонуси за лојални вработени
- Пакет производи за Нова година
- Одлична можност за кариерен развој
Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија на vrabotuvanje@montenegro.mk со назнака за работната позиција за која аплицирате, или доставете го вашето CV во било кој од нашите маркети. Избраните кандидати ќе бидат избрани за понатамошно интервју.