Услови за користење

Со користењето на кој било дел на порталот Vrskazarabota.mk автоматски ги прифаќате сите актуелни правила за користење. Корисниците се должни редовно да ги читаат правилата за користење, со што се смета дека оние што континуирано го користат порталот, или кој било негов дел, во секој момент, во целост ќе бидат запознаени и ги разбираат актуелните правила за користење. Ниту еден дел на порталот Vrskazarabota.mk не смее да се користи во незаконски цели, ниту за нивно промовирање.

Порталот се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители.

Кога огласувачот доставува оглас до Vrskazarabota.mk се согласува јавно да биде прикажан, односно неговата содржинаи лого на компанијата. Порталот го задржува правото на уредување, изменување и бришење без претходна најава. Огласот нема да биде објавен на Vrskazarabota.mk ако:

  • Огласот е нецелосен, непотполн, сомнителен или содржи невистини
  • Огласот содржи навредлива, дискриминирачка содржина

 

Порталот не е одговорен за содржината на страниците кои огласуваат на овој портал, ниту за било каква штета која настанала поради рекламирање на порталот.

Порталот не ја контролира содржината која ја разменуваат корисниците и не може да гарантира точност, потекло или квалитет на таквите содржини. Во случај да открие дека некоја содржина ги крши правните прописи или го нарушува угледот на порталот како медиум, го задржува правото да ја отстрани таа содржина од порталот без претходно известување.

Податоците кои ги доставуваат огласувачите се должни да бидат точни, вистинити и ненавредливи по ниедна основа според законите во Република Северна Македонија. Огласувачот прифаќа информациите да бидат јавно достапни за сите заинтересирани корисници. За податоците кои се објавени од огласувачите Vrskazarabota.mk не презема никаква одговорност.

Порталот го задржува правото да ги прекине или ограничи можностите за користење на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран, без претходна најава и/или објаснување и  не одговара за било каква штета која настанала со укинување на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран.

Порталот го задржува правото да ги укине или да го промени изгледот, содржината и условите за користење на порталот како и на сите сервиси и подстраници кои се составен дел без никакви обврски за претходна најава. Vrskazarabota.mk не одговара за било каква штета настаната поради тие промени. Со прифаќање на овие услови за користење корисникот се согласува услугите да вклучуваат реклами, известувања, пораки од администратор и слични пораки.

Порталот Vrskazarabota.mk не е одговорен грешките во содржините кој ги поставуваат огласувачите или грешки при автоматска обработка се оградува од секаква вина. Корисниците на Vrskazarabota.mk се согласни и контактираат со огласувачите на нивни ризик, прифаќаат дека порталот Vrskazarabota.mk и лицата поврзани со него немаат никаква обврска или одговорност за било какви штетни последици кои би настанале.

Порталот во целост се откажува од секаква одговорност која на било кој начин може да настане од или на било кој начин, а е во врска со користење на порталот за било какво работење на корисникот/посетителот употребувајќи или злоупотребувајќи ги содржините на порталот, и за било каква штета која може да се случи на корисникот/посетителот или било која трета страна поради употреба или злоупотреба од користењето на содржините на порталот.