МОНТЕНЕГРО ДОО вработува Систем и IT Менаџер

Опис на работно место

  • Детектирање и отстранување на хардверски и софтверски проблеми во службените објекти, канцеларии и на терен други проблеми од техничка природа.
  • Инсталација, конфигурација и администрирање на работните станици, персоналните компјутери, мрежните уреди и софтверските системи во компанијата.
  • Администрирање и надгледување на безбедносните компоненти.
  • Поддршка на софтверските системи на корисниците во деловната мрежа.
  • Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT и други технички и сервисни услуги.
  • Анализа и тестирање на нови софтверски системи.

Потребни способности и вештини

Неопходни Квалификации

  • Инсталација и конфигурација на Windows и Linux оперативните системи и нивните пратечки софтвери.
  • Напредни познавања на основен компјутерски хардвер и софтвер
  • Познавање на компјутерските мрежи и мрежните протоколи.
  • Основно познавање на виртуелизацијата на оперативните системи.
  • Познавање на стегање и поврзување на мрежните конектори (UTP, BNC, LSA Patch и слични).
  • Возачка дозвола “Б” категорија.

 

Потребни Квалификации

  • Искуство во софтверско администрирање на мали или средни компании и нивно доменско поврзување.
  • Искуство со НАС уреди и софтвери - TrueNAS и Synology
  • Искуство во менаџирање со хостинг, мејлови и веб страни (cPanel)
  • Искуство во поставување и сетирање на софтвери за видео надзор.
  • Искуство во управување со Ubiquiti и Mikrotik софтвери, рутери и мрежна опрема.
  • Пожелно познавање на англиски јазик – разбирање и говорење.

Што нудиме

  • Работа во една од најперспективните компании во Гостивар.
  • Одлични услови за работа
  • Работа во систем со искусни експерти во нивните области, можност за стекнување на нови знаења и вештини.
  • Стабилна и позитивна работна атмосфера во професионален, динамичен и млад тим во пријатно работно опкружување.

Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија на vrabotuvanje@montenegro.mk со назнака “IT менаџер”

Избраните кандидати ќе бидат избрани за понатамошно интервју.

Објавено од

user

Монтенегро ДОО Гостивар

Монтенегро е компанија која се состои од два успешни сектори: малопродажба на прехранбени производи во која со своите 6 маркети лоцирани во Гостивар повеќе од 30 години се грижи за своите купувачи; и увоз и дистрибуција на прехрамбени производи од повеќе од 30 реномирани европски брендови.