Опис на работно место
- Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори како и секојдневна координација со останатите членови на тимот
- Самостојна работа, што покрај креативно пишување и адаптација на превод, вклучува: проверка на факти, почитување на правописните правила, обработка на фотографии и веб-уредување
- Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката
- Останати сродни активности во склоп на работното место
Потребни способности и вештини
- Одлично изразување на пишан македонски јазик.
- Познавање на англиски јазик или на друг странски јазик.
- За предност ќе се сметаат тековни или завршени студии по новинарство, македонски јазик, како и интереси блиски до темите што ги опфаќа порталот.
- Да поседува организациски вештини, ориентираност кон тимска работа и иницијативност.
- Да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.
Што нудиме
- Можности за учење и напредок во кариерата
- Обука и менторство за заедничко постигнување успешни резултати