Опис на работно место
Оператор за контрола на квалитет во – автомобилска индустрија
- Врши инспекција на влезните материјали употребувајќи различни мерни инструменти;
- Документира и одржува запис за инспекција на влезните материјали;
- Врши контрола на првиот производ, контрола на процесот, и контрола на готовите производи како што е дефинирано во контролниот план;
- Креира и одржува табели со податоци за горенаведените инспекции;
- Дава поддршка на документирањето на процесот и квалитетот на производот;
Потребни способности и вештини
- Средно техничко училиште или 6 месеци до 1 година соодветно искуство и/или тренинг; или еквивалентна комбинација на образование и искуство;
- Kомпјутерски вештини, одлично познавање на Microsoft Office;
- Вештини за тимска работа;
- Флексибилност и можност за работа во смени;
- Прецизност и посветеност во работата;
- Почитување на работните инструкции и инструкциите предвидени за заштита при работа;
- Претходно искуство во производство и автомобилска индустрија се смета за предност.
Што нудиме
- Атрактивна исплата;
- Промотивни бонуси;
- Обука во разни области на автомобилската индустрија;
- Можност за напредoк.
Заинтересираните кандидати можат да ја достават својата биографија на следната е-маил адреса: office@invenio.mk.