Повик за обуки за побарувани занимања – Во Полог отворени повеќе позиции

Повик за обуки за побарувани занимања – Во Полог отворени повеќе позиции
Вести

Повик за обуки за побарувани занимања – Во Полог отворени повеќе позиции

Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 31.07.2020 година.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и се однесуваат на следните занимања и градови:

  1. Шивач – Тетово, со завршено минимум основно образование
  2. Готвач – Скопје, Тетово, Велес, со завршено минимум основно образование
  3. Пекар   – Битола, со завршено минимум основно образование
  4. Слаткар – Гостивар, Битола, со завршено минимум основно образование
  5. Столар  – Тетово, со завршено минимум основно образование
  6. Заварувач – Штип, Тетово, Велес, со завршено минимум средно образование
  7. Бравар – Велес со завршено минимум средно образование
  8. Вилушкарист – Битола, со завршено минимум основно образование
  9. Автомеханичар – Битола, Скопје, Тетово, со завршено минимум основно образование
  10. Службеник во сметководство / книговодство – Битола, Скопје, Куманово, Штип, со завршено минимум средно образование
  11. Персонални асистенти за инвалидни лица – Битола, Скопје, Струмица, Гостивар, Велес, Тетово, со завршено средно образование
  12. Неговател/ка на стари и немоќни лица – Куманово, Велес, К.Паланка, Тетово, со завршено минимум oсновно образование
  13. Неговател/ка на деца со пречки во развојот – Велес, Тетово, со завршено минимум средно образование
  14. Веб-дизајнер   – Битола, Скопје со завршено минимум средно образование
  15. Маникир / педикир – Тетово, Струмица, Битола, Штип, со завршено минимум основно образование
  16. Фризер – Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Штип, со завршено минимум основно образование
  17. Масер – Струмица, Скопје, Тетово, со завршено минимум основно образование
  18. Козметичар –Струмица, Скопје, Битола, Тетово, со завршено минимум основно образование
  19. Собирач на секундарни суровини – Скопје, со завршено минимум основно образование

Обуката ќе се реализира во период од 2 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.

По завршување на обуката, спроведувачите на обука имаат можност да обезбедат 30-50%  вработување за кандидати кои успешно ја завршиле обуката и се стекнале со Сертификат. Минималниот период за вработување на определениот број на обучени лица е три последователни месеци во период од еден месец по завршување на обуката со полно работно време.

На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губат ова право.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати.

Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување. За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk