Опис на работно место
- Планирање, управување, координација и учество во подготовка на проектите и програмите на Извршната канцеларија
- Подготовка на периодични и завршни извештаи (наративни и финансиски)
- Раководење на процесот на подготовка на стратегијата за работа на организацијата, во соработка со одговорните лица во СЕММ (извршниот директор и претседателот на УО на СЕММ)
- Планирање и спроведување на настани за различни целни групи, вклучувајќи ги и медиумите (работилници, обуки, дебати, конференции, седници на телата на СЕММ, итн.)
- Учество во планирање и реализација на истражувања за потребите на СЕММ, во координација со релевантните чинители
- Планирање и учество во реализација на кампањи (едукативни и кампањи за покренување на јавната свест)
- Учество во навремено и ефективно спроведување на одлуките и заклучоците на Управниот одбор и Собранието на СЕММ
- Надзор над управувањето со административното и канцелариското работење на Советот
- Комуникација со релевантни институции, оранизации, соработници и со граѓаните за потребите на Советот
- Учество во содржинско уредување на веб-страницата и профилите на социјалните мрежи на Советот
Потребни способности и вештини
- Високо образование, за предност се смета повисок степен на образование во областа на општествените науки, новинарството и комуникациите
- Одлично познавање и искуство од областа на медиумската саморегулација, слободата на изразување и работењето на медиумите
- Најмалку 5 години работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација
- Познавање на процедурите за раководење проекти поддржани од меѓународни донатори
- Одлични комуникациски вештини и вештини за истражување и академско пишување, застапување и односи со јавноста
- Вештини за организирање настани од голем обем
- Способност за тимска работа и реализација на задачите во краток временски рок
- Одлично познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint)
- Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
- Силни организациски вештини
Што нудиме
Заинтересираните е потребно да поднесат
- Биографија
- Писмо за мотивација
- Најмалку три препораки
Документите за аплицирање потребно е да се испратат на следнава електронска адреса: info@semm.mk, до 31.01.2022 година (понеделник), до 12:00 часот.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на интервју. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Без телефонски јавувања. Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)