Монтенегро ДОО – Гостивар бара Менаџер за извоз

Опис на работно место

• Комуникација со клиенти од приемот на порачката до натовар на стоката
• Водење и пополнување досиеја на клиенти
• Водење и пополнување досиеја на производи
• Развивање и имплементација на стратегии за извоз
• Истражување и анализа на странски пазари и конкуренција
• Воспоставување и одржување контакти со странски партнери и клиенти
• Координација со логистика, производство и продажба за навремено спроведување на нарачките
• Обезбедување усогласеност со меѓународни регулативи, царински постапки и соодветна документација
• Преговарање за договори и услови со дистрибутери и купувачи
• Подготовка на редовни извештаи и анализа на резултати
• Следење на состојбата на производи во магацин
• Аналитичка подготовка на извештаи за формирање цени на увозни производи

Потребни способности и вештини

• Високо образование
• Минимум 2 години искуство на иста или слична позиција
• Одлично познавање на англиски јазик – задолжително
• Познавање на извозна документација и царински процедури
• Одлични комуникациски и преговарачки вештини
• Способност за работа во динамично опкружување
• Способност за планирање, анализа и самостојно донесување одлуки
• Ефикасно управување со времето
• Висок степен на одговорност

Што нудиме

• Конкурентна плата
• Можност за професионален развој и унапредување
• Работа во динамична и стабилна компанија
• Иновативна и мотивирачка работна средина


Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите може да испратат биографија на:
vrabotuvanje@montenegro.mk
(со назнака: Менаџер за извоз – Гостивар)

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Објавено од

user

Монтенегро ДОО Гостивар

Монтенегро е компанија која се состои од два успешни сектори: малопродажба на прехранбени производи во која со своите 6 маркети лоцирани во Гостивар повеќе од 30 години се грижи за своите купувачи; и увоз и дистрибуција на прехрамбени производи од повеќе од 30 реномирани европски брендови.