Опис на работно место
Поради зголемен обем на работа, Млекара „Маврово“ има потреба од нови вработувања и објавува оглас за следните позиции:
- ВОЗАЧ со Б категорија
- ОПШТИ РАБОТНИЦИ
Потребни способности и вештини
- Минимум завршено средно образование
- Поседување возачка дозвола Б категорија (за позицијата возач)
- Одговорност и дисциплина во работењето
- Способност за тимска работа
- Работно искуство е предност, но не е задолжително
Што нудиме
Редовна плата со целосно платени придонеси, со работно време од понеделник до сабота и организиран превоз до работното место. Компанијата обезбедува стабилни услови за работа, пријатна работна атмосфера и можности за професионален и личен развој.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: mlekara2008@yahoo.com, или добијат повеќе информации на: 078 271 450.
