Млекара „Маврово“ вработува општ работник со Б категорија

Опис на работно место

Поради проширување на производствените капацитети, Млекара „Маврово“ има потреба од ОПШТ работник со Б категорија.

Потребни способности и вештини

  • Минимум завршено средно образование
  • Поседување возачка дозвола Б категорија
  • Одговорност и дисциплина во работењето
  • Способност за тимска работа
  • Работно искуство е предност, но не е задолжително

Што нудиме

Редовна плата со целосно платени придонеси, со работно време од понеделник до сабота и организиран превоз до работното место. Компанијата обезбедува стабилни услови за работа, пријатна работна атмосфера и можности за професионален и личен развој.


Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: mavrovo2008@gmail.com, или добијат повеќе информации на: 070 271 450.

Објавено од Млекара Маврово / 27.04.2026

Објавено од

user

Млекара Маврово

Млекара „Маврово“ е основана во 2004 година, и од првиот ден на деловно работење до денес има јасна цел - Произвоство висококвалитетни, свежи и вкусни млечни производи.