GREEN DELI Гостивар објавува ОГЛАС за МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКИ

Опис на работно место

  • Планирање, организирање и управување со процесот на набавки на производи за понатамошно производство;
  • Управување со целосната документација во сектор набавки (изработка и внес на фактури и книжни одобренија);
  • Одржување и спроведување проформа за секој проект во сектор набавки;
  • По потреба развива и спроведува нови стратегии за набавка со цел да се намалат тековните трошоци и да се поедностави процесот;
  • Употреба на технологија, мерки на претпазливост и размена на информации со цел да се зголеми продуктивноста и профитабилноста;
  • Планира и надгледува широк опсег на активности за набавка кои се однесувааат на проектите за производство;
  • Води сметка сите процедури за набавка да бидат завршени на време во согласност со барањата;
  • Комплетирање на портфолио и проширување асортиман;
  • Обезбедување оптимални залихи на производи од добавувачи;
  • Оптимизација и унапредување на процесот на набавки;
  • Евалуација на добавувачи;

Потребни способности и вештини

  • Одлични аналитички и логистички способности;
  • Организациски способности;
  • Способност за решавање на проблеми;
  • Одговорност, доверливост и кооперативност.
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Посветеност, педантност и темелност во извршувањето на работните обврски;
  • Висока работна етика;

Што нудиме

  • Работa во смени;
  • Почетна плата во зависност од квалификациите;
  • Организиран превоз и топол оброк;
  • Работа според зададени стандарди за безбедност;
  • Одлична можност за напредување и усовршување во работата;
  • Позитивна тимска работна атмосфера;

Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија на greendelimk@gmail.com со назнака Менаџер за набавки.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Објавено од Green Deli Гостивар / 09.05.2022

Објавено од

user

Green Deli Гостивар

Фабрика за конзервна индустрија од Гостивар, Македонија.

Контакт Инфо