Опис на работно место
- Планирање, организирање и управување со процесот на набавки на производи за понатамошно производство;
- Управување со целосната документација во сектор набавки (изработка и внес на фактури и книжни одобренија);
- Одржување и спроведување проформа за секој проект во сектор набавки;
- По потреба развива и спроведува нови стратегии за набавка со цел да се намалат тековните трошоци и да се поедностави процесот;
- Употреба на технологија, мерки на претпазливост и размена на информации со цел да се зголеми продуктивноста и профитабилноста;
- Планира и надгледува широк опсег на активности за набавка кои се однесувааат на проектите за производство;
- Води сметка сите процедури за набавка да бидат завршени на време во согласност со барањата;
- Комплетирање на портфолио и проширување асортиман;
- Обезбедување оптимални залихи на производи од добавувачи;
- Оптимизација и унапредување на процесот на набавки;
- Евалуација на добавувачи;
Потребни способности и вештини
- Одлични аналитички и логистички способности;
- Организациски способности;
- Способност за решавање на проблеми;
- Одговорност, доверливост и кооперативност.
- Одлично познавање на MS Office;
- Посветеност, педантност и темелност во извршувањето на работните обврски;
- Висока работна етика;
Што нудиме
- Работa во смени;
- Почетна плата во зависност од квалификациите;
- Организиран превоз и топол оброк;
- Работа според зададени стандарди за безбедност;
- Одлична можност за напредување и усовршување во работата;
- Позитивна тимска работна атмосфера;
Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија на greendelimk@gmail.com со назнака Менаџер за набавки.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.