Опис на работно место
- Извршување прием на роба со внесување по локации;
- Истовар и сместување на репроматеријали, суровини и други производи за потребите на производниот процес;
- Складирање на робата во магацинот според нивната намена и ажурирање на податоците во системот;
- Подготовка на нарачки;
- Проверка на рокови и декларации;
- Проверка на потенцијални несогласувања помеѓу количините на материјали во магацинот и податоците во системот;
- Организација и контрола на залиха на производи во погон;
- Врши подготовка на готовиот производ и товарање;
- Изработка на потребна документација;
- Работа според важечките стандарди, прописи и процедури;
- Користење на виљушкар;
- Врши други работи што ќе му бидат доверени од страна на одговорниот на магацин;
Потребни способности и вештини
- Способност за работа во тим;
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
- Организираност и одговорност;
- Посветеност, педантност и темелност во извршувањето на работните обврски;
Што нудиме
- Работа во смени;
- Почетна плата до 40.000 денари во зависност од работното искуство на кандидатот на иста или слична работна позиција;
- Организиран превоз и топол оброк;
- Работа според зададени стандарди за безбедност;
- Одлична можност за напредување и усовршување во работата;
- Позитивна тимска работна атмосфера.
Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија на greendelimk@gmail.com со назнака Магационер/Оператор.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.