Gostivarpress.mk има потреба од соработници и практикани

Опис на работно место

  • Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори како и секојдневна координација со останатите членови на тимот
  • Самостојна работа, што покрај креативно пишување, вклучува: проверка на факти, почитување на правописните правила, прибирање на информации, обработка на фотографии и веб-уредување
  • Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката
  • Останати сродни активности во склоп на работното место

Потребни способности и вештини

  • Одлично изразување на пишан македонски јазик.
  • Да поседува организациски вештини, ориентираност кон тимска работа и иницијативност.
  • Да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.
  • За предност ќе се сметаат тековни или завршени студии по новинарство, македонски јазик, како и интереси блиски до темите што ги опфаќа медиумот.
  • (За практиканти) - Индивидуално или во мали тимови под менторство на новинарите на Gostivarpress.mk, ќе работат на текстови, видеа и поткасти. Ќе треба и да иницираат истражувања на теми за кои недоволно се зборува во медиумскиот простор. Низ текот на праксата, ќе научат како да препознаат вест, како да создадат новинарски текст и самостојно да креираат мултимедијален прилог на зададена тема. Истовремено, ќе добијат можност да учествуваат во креирање на содржините на Gostivarpress.mk.

Што нудиме

  • Можности за учење и напредок во кариерата
  • Обука и менторство за заедничко постигнување успешни резултати
  • Простор за развој на сопствени идеи
  • Хонорар по договор 

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим и сметате дека сте соодветни за некоја од позициите, испратете ни ваше CV и и еден авторски текст на слободна тема на info@gostivarpress.mk.

Објавено од Gostivarpress.mk / 20.09.2023

Објавено од